Skip to main content

На рагби се гризе, се шијат и конци

Олимпискиот шампион во рагби Масивеси Дакувака е суспендиран поради гризење на соиграч за образот.

Дакувака го освои златото во Рио 2016 година како дел од тимот на рагби-7 со репрезентацијата на Фиџи. Моментално настапува за францускиот клуб Бијариц од втората лига на националниот шампионат.

Неодамна Дакувака се степа со соиграч поради пари, друг соиграч се обиде да ги раздвои поттикнувачите на тепачката, но Масивеси го гризна за образот. Жртвата била пренесена во болница и добила 20 конци.

Дакувака подоцна призна што направил, но не можеше да објасни зошто го направил тоа, бидејќи не се сеќавал на настаните од таа вечер.

Триесетгодишниот рагбист е суспендиран од тимот и покрената е истрага за инцидентот. Масивеси ќе се појави на суд во мај.

Од клубот Бијариц објавија дека ја сфаќаат ситуацијата многу сериозно и дека ќе соработуваат активно со полицијата. Клубот, исто така, соопшти дека ќе ги примени неопходните санкции против Дакувака откако ќе заврши истрагата.

Поврзани вести