Националниот Археолошки музеј оваа година за прв пат се приклучува кон кампањата за поддршка на лицата со ретки болести. Во текот на месец февруари ќе биде осветлен во боите на ретките болести.
Оваа иницијатива е на здружението Ги Запознаваме Ретките Болести, со што се приклучија кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици, како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво.