Skip to main content

Муртезани во Брисел на средба со европратениците Тајс Ројтен (С&Д) и Матеј Тонин (ЕПП), известители во сенка за Македонија

Министерот за европски прашања на Република Македонија, Орхан Муртезани, на првиот ден од работната посета на Брисел, оствари средби со европратениците Тајс Ројтен (С&Д) и Матеј Тонин (ЕПП), известители во сенка за Македонија.

На средбите беше потврдена силната поддршка од Европскиот парламент за европската перспектива на Македонија. Европратениците ја истакнаа важноста на реформите и динамиката на пристапниот процес, како и потребата од градење стабилни односи со сите земји-членки на Унијата. Беше нагласено дека продолжувањето на интегративниот пат зависи од заедничките напори и конструктивен пристап во решавањето на предизвиците на европскиот пат.

Министерот Муртезани изрази благодарност за континуираната поддршка и ја потенцираше посветеноста на Македонија кон европската агенда. Тој истакна дека земјата останува активен партнер во процесот на пристапување и очекува предвидлив и праведен пристап од страна на Европската Унија.

Посетата на министерот Муртезани во Брисел продолжува со низа состаноци со претставници на институциите на Европската Унија.

Поврзани вести