Skip to main content

„Случајот Голдман“ и „Емилија Перез“ денеска во Кинотека

3 ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.

СЛУЧАЈОТ ГОЛДМАН“

(„Le procès Goldman“)

Игран филм, Франција

2024, 115 мин., колор, ДЦП

Режисер: Седрик Кан (Cédric Kahn);

Сценарио: Седрик Кан, Натали Херцберг (Cédric Kahn, Nathalie Hertzberg);

Улоги: Ари Вортхалтер, Артур Харари, Стефан Гуерин-Тилие, Николас Бриансон (Arieh Worthalter, Arthur Harari, Stéphan Guérin-Tillié, Nicolas Briançon);

Во Париз, во ноември 1975 година, закажано е рочиштето за сослушувањето на еврејскиот екстремно левичарски активист Пјер Голдман, осуден на доживотен затвор за четири вооружени грабежи, од кои едниот резултирал со убиство на две жени. Голдман се изјаснува за невин по обвиненијата за убиство. Агитатор на своите идеали, неостварливиот Голдман го претвора своето судење во хаос, ризикувајќи смртна казна.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

3 ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

ЕМИЛИЈА ПЕРЕЗ“

(Emilia Pérez)

Игран филм, Франција,

2024, 132 мин., колор, ДЦП

Режисер: Жак Одиар (Jacques Audiard);

Сценарио: Жак Одиар (Jacques Audiard);

Улоги: Зое Салдања, Карла Софиа Гаскон, Селена Гомез (Zoe Saldaña, Karla Sofía Gascón, Selena Gomez);

Преквалификувана и потценета, Рита е адвокатка во голема фирма чиј интерес е да ги држи најголемите криминалци на улица наместо да ги изведе пред лицето на правдата. Еден ден, таа добива неверојатна понуда. Водачот на картелот Манитас ја најмува да му помогне да се повлече од работата и да го реализира планот што тајно го подготвувал со години, да стане жената за која отсекогаш сонувал.

Емилија Перез, последнотo остварување на еден од најголемите француски современи режисери, Жак Аудиар е необична и несекојдневна мешавина на криминалистички филм и музичка комедија. Филмот се базира на истоименото оперско либрето на Аудиар, кое, пак, беше адаптирано од романот на Борис Разон од 2018 година – Écoute. Во филмот играат Зое Салдања, Карла Софија Гаскон, Селена Гомез, Адријана Паз, Марк Иванир и Едгар Рамирез.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

Поврзани вести