Шпански научници открија нов вирус кој го пренесуваат комарците – вирусот sindbis, кој не е фатален, но предизвикува симптоми како треска, болки во главата и зглобовите и осип на кожата.
Научниците го откриле овој вирус кај комарците во Андалузија, а претпоставуваат дека е во Шпанија од 2017 година, но до сега не бил откриен бидејќи истражувањето било фокусирано на вирусот Западен Нил, објави Јуровикли њуз.
Овој вирус претходно се појавил во Скандинавија и Алжир, а бил пренесен преку комарци од Северна Африка или Кенија на локалните комарци.