Skip to main content

Висок функционер на Хамас и неговото семејство убиени во израелски напад врз градот Газа

Израелската војска уби висок член на Хамас во градот Газа, заедно со неговата сопруга и двете ќерки, соопштија денеска палестински извори.

Медицински извори во Појасот Газа наведоа дека девојчињата биле на возраст од 13 и 15 години, пренесе ДПА.

Министерството за внатрешни работи на палестинската територија, кое е под контрола на Хамас, потврди дека во нападот е убиен Мохамед Маџид Абу ал-Оуф, висок функционер во службата за внатрешна безбедност на групата во северниот дел на Појасот Газа. На прашање за коментар, израелската војска соопшти дека таргетирала член на Хамас, но не даде дополнителни детали.

Очевидци изјавија дека израелската војска во текот на ноќта извршила напад врз семејниот дом на Ал-Оуф во бегалската населба Ал-Шати. Вработен во болницата Ал-Шифа во градот Газа рече дека неколку лица се хоспитализирани, од кои некои со тешки повреди.

Нападот следуваше еден ден откако израелската војска го уби Наим Абу Нахал, шеф на службата за внатрешна безбедност на Хамас за целиот Појас Газа. Израелската армија го опиша ова како удар за раководството на безбедносниот апарат на терористичката група. Според извештаите, службата за внатрешна безбедност на групата е одговорна за безбедноста на високорангираните функционери на Хамас и за координација на нивните состаноци. (МИА)

Поврзани вести