Skip to main content

Зa пет хороскопски знаци сезоната на Стрелец носи добра среќа

Започна сезоната на Стрелец, астролошки период кој носи возбуда, страст и просперитет, а особено ќе им биде наклонет на пет знаци од Зодијакот. Ако вашите најважни планети се сместени во некој од овие знаци, пред вас е месец полн со можности, пишува Vice.

Стрелец

Бидејќи настапи нивната сезона, логично е дека Стрелците ќе бидат во центарот на вниманието. За време на соларното враќање би можеле повеќе да се свртат кон интроспекција и да чувствуваат поголем склад со самите себе. Со оптимизам гледаат кон иднината и се концентрираат на пошироката слика. Ова е идеален момент да постават цели за следната година и да искористат сè што им носи роденденскиот период.

Иако секое соларно враќање поттикнува напредок, ова ќе биде особено изразено поради специфичен транзит. „Во текот на целата сезона на Стрелец, Сонцето и Јупитер се во таканаречена заемна рецепција“, објаснува Обри Худешел, авторка и астролог од Денвер.

„Тоа значи дека планетите се наоѓаат една во знакот на другата. Во овој случај, Јупитер е во Лав, со кој владее Сонцето, а Сонцето е во Стрелец, со кој владее Јупитер.“ Бидејќи Јупитер е планета на експанзијата, растот и среќата, неговиот престој во Лав на Стрелците им носи дополнителен интензитет и изобилство.

Овен

И Овните, како огнен знак, ќе ги почувствуваат позитивните ефекти од сезоната на Стрелец. Припадниците на овој знак можат да очекуваат пораст на самодовербата и напредок, особено во кариерата.

Можни се поместувања кон поголема стабилност, креативност и задоволство на работа. Исто така, личните проекти би можеле да им донесат сигурност и да им отворат нови можности. Овој период носи значајни позитивни промени кои можат да ја насочат нивната иднина.

Лав

Среќата во сезоната на Стрелец ги следи сите огнени знаци, па така и Лавот. Како што веќе беше споменато, Јупитер моментално се наоѓа во Лав, а истовремено е во заемна рецепција со Сонцето, што на Лавовите им носи посебни поволности.

„Планетите во заемна рецепција делат ресурси“, вели Худешел. „Тие меѓусебно се поддржуваат и си помагаат во функционирањето. Поради тоа, и Стрелците и Лавовите добиваат дополнителна среќа, поддршка и леснотија во своите потфати.“

Близнаци

Освен огнените, промени на подобро ќе почувствува и еден воздушен знак – Близнаците. Тие можат да очекуваат среќа и страст во најблиските односи, што може да значи продлабочување на постоечката врска или влегување во нова. Отворената комуникација ќе биде клучна во овој период. Треба да се фокусираат на самоуверено изразување на своите потреби и желби, како и да бараат јасност во односите кои им се најважни.

Јарец

Иако нивната сезона сè уште не е започната, и Јарците ќе ги почувствуваат позитивните влијанија додека Сонцето е во Стрелец, истакнува астрологот Обри Худешел. „Кај Јарецот станува збор за однос кој го нарекуваме antiscia, а кој е како таен договор меѓу два знака“, вели Худешел.

„Зборот antiscia доаѓа од грчкиот јазик и значи ‘спротивни сенки’. Два знака се во таков однос кога се отсликуваат преку точките на солстициумот. Стрелец и Јарец се во таква положба, па Јарците добиваат помош од зајакнатото Сонце во Стрелец.“

Во пракса, тоа значи дека Јарецот може да ги примени својата структура, практичност и дисциплина врз филозофската и авантуристичка енергија на Стрелецот, што создава одлични можности за напредок во пресрет на новата година.

Поврзани вести