Skip to main content

СДСМ тргна против својот некогашен градоначалник

 Српската лига што се обидува да се формира во Македонија е уште еден сателит на Мицкоски – како ЗНАМ, како Платформата – ЗНАМ 2.0. Наместо компромитираниот соработник на БИА Стојилковиќ, сега се појавува Саша Богдановиќ – Стојилковиќ 2.0. Во Србија таа “Српска лига” ја правеа салонски фашисти, некогашната „Трета Србија“, се вели во соопштението од СДСМ. 

Сега остаците на Вучиќевата БИА прави копија во Македонија, затоа што Стојилковиќ очека објава на документи за него во Србија. Финансирањето на  митинзите на Вучиќ во Куманово, организирањето превоз на граѓани од Македонија за Вучиќевите митинзи во Србија, издавањето лични карти и пасоши за гласање во Србија, на сето тоа извршител е Стојилковиќ – извршител на работите за СНС и Милош Вучевиќ. 

Координација на бизнис-активностите со Душан Адамовиќ – хулиган од трибина, кому Мицкоски поради бизнис-релациите со струја и броила му даде функција почесен конзул на нашата земја во Србија. Лице со криминално минато и историја, човек на кого му пукале во нозе, му го палеле автомобилот, човек кој е дел од навивачка група – го назначија за претставник на нашата татковина.

Поврзани вести