Skip to main content

Фатени младите лица кои со фантомки и дрвени палки шетаа низ Куманово

Magnific

Кумановската полиција ги пронајде младите лица кои во центарот на Куманово носеа фантомки и дрвени предмети. Полицијата, како што наведуваат од СВР Куманово, им ги одзела предметите. Тие ќе бидат повикани на службен разговор.

Денеска во 00:12 часот, во СВР Куманово било пријавено дека во централното градско подрачје била забележана поголема група млади лица кои носеле фантомки и дрвени палки. Истите биле пронајдени и им биле одземени предметите. Тие ќе бидат повикани во полициска станица и со нив ќе се изврши службен разговор – наведе полицијата.

По консултација со јавен обвинител, ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Поврзани вести