
Процесот на отворање на граничниот премин Клепало е добрососедство, двонасочна улица. Очекувам овој процес да биде заокружен по принципот на добра волја и се надевам дека наскоро ќе биде отворен – изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Делчево.
Тоа е добрососедство, тоа е двонасочна улица. Вие можете да сакате колку сакате, но ако другата страна нема барем приближно иста амбиција, тогаш вие сте немоќни. Така што очекувам овој процес да биде заокружен на основа на овој принцип — како двонасочна улица, по принципот на добра волја — и се надевам дека многу скоро и тој граничен премин ќе биде отворен – рече Мицкоски.
На новинарско прашање до каде е процесот на носење на законот за брзи кредити и за нелегалните агенции за наплата, Мицкоски рече дека очекува убава вест за граѓаните овие денови по ова прашање.
Ќе имаме деновиве убава вест за граѓаните, кога станува збор за овие финансиски институции коишто се даватели на вакви услуги, односно брзи кредити. Сега во овој момент би се воздржал од каков било коментар, но заедно со Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија и труд, многу скоро од денеска ќе ги информираме граѓаните со убава вест – истакна премиерот во изјава за медиуми при посетата на Делчево.

Македонски




