
Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и шестиот пораз во рамки на групата Е од ФИБА Европа купот, а убедлива победа славеше солунски Ираклис со 103:73 (29:17; 18:18; 31:18 и 25:20).
Домашниот тим доминираше на почетокот на дуелот и брзо стигна до високи +17 (27:10). Сепак избраниците на тренерот Дејан Србиновски во вториот период ја намалија предноста на ривалот (39:35), но противникот направи серија од 8-0 до крајот на полувремето.
Во вториот дел Ираклис постојано ја зголемуваше предноста и на моменти имаше предност и повеќе од 30 поени разлика. Кај победникот Ноа Хорчлер беше најефикасен со 19 поени, додека кај МЗТ Скопје Аеродром најпрецизен беше Емир Крајиниќ со 17 поени.
Македонскиот првак сè уште нема победа во групата по шест одиграни натпревари, а следниот дуел го играат на гости во Естонија против Тарту во среда. Претходно во рамки на македонското првенство ќе играат в понеделник против големиот градски ривал Работнички на домашен терен.

Македонски



