Skip to main content

Мисајловски: Гардистите се првата слика за Македонија и македонската Армија

Фејсбук профил на Владо Мисајловски

Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитка по повод Денот на Баталјонот за почести, нагласувајќи ја неговата важна улога во претставувањето на Македонија и македонската Армија.

„Гардистите се првата слика за Македонија и македонската Армија при пречекот на највисоките странски државни и воени делегации“, истакна Мисајловски.

Тој посочи дека зад секој свечен строј и церемонија стојат посветеност, дисциплина, илјадници часови подготовка и силен тимски дух.

Почесната стража, церемониите пред највисоките државни институции и настапите на Воениот оркестар, како што наведува министерот, секојдневно ја претставуваат Македонија со чест и достоинство.

Мисајловски им го честиташе празникот на сите припадници на Баталјонот за почести, посакувајќи им и понатаму посветено и достојно да ја претставуваат македонската Армија.

Поврзани вести