Во чест на 60 години активен театарски живот во зградата на Театар Комедија, тогашен Театар Центар – МНТ и првата премиера на 19.2.1965 година (комедија) Коломба, од Жан Ануј, во превод на Илија Милчин и режија Димитар Ќостаров како и првата премиера на НУ Театар Комедија, „Ах, љубов моја“, автор и режија Коле Ангеловски (27.3.2012), авторот Тац го збогати источниот ѕид на зградата на Театар Комедија со десет илустрации – времеплов од историјата на светскиот театар.