
Во првите девет месеци годинава е забележан рекорден број регистрации на електрични автомобили во светот, околу 11 милиони, што е за 12 проценти повеќе во споредба со истиот период лани, покажува анализата на консултантската компанија „ПвЦ“ (PwC).
Европа е главниот двигател на растот, со продадени 2,5 милиони електрични автомобили од почетокот на годината, што е зголемување од 42 процента во однос на истиот период минатата година.
Во Германија биле регистрирани 604 илјади нови електрични автомобили, за 58 проценти повеќе отколку во првите девет месеци лани. Со тоа Германија се најде на третото место во светот, зад Кина и САД, при што разликата во однос на второпласираните САД се намалува.
Во САД, пак, регистрациите на целосно електрични автомобили на батерии се намалиле за 29 проценти, на околу 746 илјади во првите девет месеци од годинава.
Во Кина, најголемиот светски пазар на електрични автомобили, продажбата стагнирала на нешто повеќе од шест милиони возила, според анализата на „ПвЦ“.

Македонски

