Skip to main content

„За Мојата Битола“ – Концерт на Битолскиот камерен оркестар

Со огромна радост ве покануваме да ни се придружите на 27.02.2025 година во Центарот за култура Битола, со почеток во 20:00 часот, за незаборавна вечер исполнета со љубов кон нашиот град!

По повод 10-годишнината на Бабам Битола, Бабам Битола во соработка со Битолски Камерен Оркестар, организира концерт насловен „За Мојата Битола“ – омаж на убавината, историјата и душата на нашиот сакан град.

Во големата сала на Центар за Култура ќе настапат: Битолски Камерен Оркестар, Билјана Дамјановска Јанчевса, Сефедин Бајрамов, Емилија Сарафска, Јасна Димитровска, Бојан Стојков, и Димитар Андоновски. Освен тоа, ќе има и рецитали од Борис Чоревски и Силвана Насух кои ќе не прошетат низ убавините со кои се гордее нашиот град. За кореографија на сцената ќе бидат задолжени КУД Илинден Битола кои со градската носија и манири ќе ни доловат уште еден битен сегмент од градското живеење во Битола.

Интересен факт: Првиот концерт на Битолски Камерен Оркестар пред повеќе од 10 години, исто така, беше посветен на Битола – „За Моја Битола“, одржан во Пациото на Музејот во Битола, се вели во објавата од Битолскиот камерен оркестар

Поврзани вести