Skip to main content

Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 работни места за производство на делови за „Ауди“

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, нови 2.000 работни места и производство на делови за германскиот автомобилски гигант „Ауди“.

– Денеска, ќе соопштиме уште една голема и значајна вест за македонската економија – нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, нови 2.000 работни места и производство на делови за германскиот автомобилски гигант „Ауди“. Ова е важна вест за нашата економија, но уште поважна за граѓаните бидејќи зад секое ново работно место стои нова можност, поголема сигурност за семејствата, нова надеж и подобар живот – напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Ова, додава, е нашата програма, ова се нашите цели и вака ја градиме иднината.

– Со работа, инвестиции и конкретни резултати. Додека ние отвораме нови работни места и создаваме можности, програмата на опозицијата, наместо со проекти и решенија, е исполнета со деструкција, лаги и политички опструкции. Разликата постои и секој ден станува сè повидлива. Ние продолжуваме да се бориме за секое работно место, за подобар живот и за нашата заедничка иднина – нагласува премиерот Мицкоски во објавата на „Фејсбук“

Поврзани вести