
Следната недела се очекува за првпат да биде објавена нацрт верзијата на Стратегијата за вештачка интелигенција по што ќе следи период на сондирање на мислењето од засегнатите страни.
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува стратегијата да биде донесена до крајот на годинава.
– Очекувам дека наредната недела ќе ја објавиме за првпат Стратегијата за вештачка интелигенција во својата Нацрт верзија, за да прибереме коментари, мислења од засегнатите страни. Очекувам дека до крајот на годината ќе ја донесеме. Секако елемент во таа стратегија ќе биде како да се справуваме, да градиме поголема отпорност од злонамерните актери во поглед на нивната злоупотреба на вештачката интелигенција. Не можам да кажам дека ќе успееме, никој не успева, туку треба да градиме отпорност, како да се справуваме со тоа што може да се случува во периодот којшто следи. Прво е знаењето, потоа вештината како да се препознае и превенцијата, да бидете подготвени да реагирате за тоа што може да се случи, а неминовно ќе се случуваат напади, и со нив да се справувате, изјави денеска Андоновски кој учествуваше на конференцијата „Конференција „Бизнис Арена 2026“.

Македонски


