Skip to main content

Висока победа на Охрид над Алкалоид

 Ракометарите на Охрид го добија дербито против Алкалоид со 26:24, а првакот Вардар со победата над Струга на гости со 33:24 е единствениот тим со максимален ефект по 6.коло во ракометната Супер лига. Дербито во Охрид донесе неизвесен натпревар,а домашниот тим заслужено стигна до победата бидејќи во најголемиот дел од дуелот имаше предност. На почетокот на вториот дел таа изнесуваше и +6 (19:13 и 20:14), а избраниците на Кирил Лазаров не успеаја да се доближат резултатски. Најефикасен кај победникот беше Доминик Мате, а кај Алкалоид Никола Костески двајцата со по 6 голови.

На другите дуели имаше неизвесност. Младост испушти шанса за победата против Еурофарм Пелистер 2 и дуелот во Богданци заврши 30:30, додека во Кавадарци гостите Мулти Есенс не го реализираа последниот шут за минимална победа на Тиквеш 27:26, додека Прилеп како гостин го совлада Бутел со 29:27.

Поврзани вести