Skip to main content

ФОТО: Малата Елора родена со 900 грама по 70 дена борба и неизвесност на ГАК замина дома

Фото: ГАК

После 70 дена поминати во постојана борба, неизвесност, но и неизмерна љубов, малата Елора ја постигна својата прва и најважна животна победа — дипломираше на Одделот за интензивна нега и терапија (ОИНТ) и конечно си замина дома, објави Клиниката за гинекологија и акушерство.

Како што информираат од Клиниката, нејзината приказна започнала прерано, во 29-та гестациска недела.

-Со тежина од само 900 грама, ова мало девојче влезе во светот многу потивко од сите останати, но со волја за живот поголема од секој предизвик. Секој еден од тие 70 дена беше нова битка, секој здив и секоја секунда беа исполнети со надеж и тивки молитви. Со невидена храброст, Елора се избори со сите потешкотии што и ги постави почетокот на животот. Денес, со малите рачиња и силната душа, таа прерасна во вистински мал борец од 2000 грама. Најтоплиот момент пристигна кога малата хероина конечно заспа сигурна во топлите прегратки на мама Рина и тато Мухамед. По сите непреспиени ноќи и денови исполнети со грижа, тие конечно го затворија поглавјето на болничкиот оддел за да го започнат најубавото патување — животот дома, заедно, велат од ГАК.

Елора ни покажа дека големината не се мери во грамови, туку во силата на срцето, додаваат од Клиниката.

Поврзани вести