
Жител на тетовското село Жилче пријавил дека во текот на ноќта му бил украден автомобилот „Фиат Темпра“, кој бил паркиран пред неговата семејна куќа, со оставени клучеви во бравата.
Според информациите од МВР, настанот бил пријавен вчера во 6:50 часот од З.С. (58) од село Жилче.
По преземените мерки, полициските службеници во 10:05 часот го пронашле возилото паркирано на улицата „Мирче Ацев“ во Тетово.
„По извршениот увид, возилото му е вратено на сопственикот, а се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Македонски


