
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Подгорица оствари средба со неговиот црногорски колега, Радош Зечевиќ, на која се разговарало за можностите за унапредување на транспортното поврзување меѓу Македонија и Црна Гора, подобар пристап до пристаништата и нови развојни политики за меѓусебна соработка.
Како што соопшти Министерството за транспорт, на средбата било ставено акцент на зголемување на економската и трговската соработка меѓу Македонија и Црна Гора, при што била потенцирана потребата од подобро регионално поврзување и модернизација на транспортната инфраструктура.

Вицепремиерот истакнал дека Македонија работи на доизградба и модернизација на европските транспортни коридори, со цел подобро поврзување на регионот, олеснување на транспортот и обезбедување подобар пристап до регионалните пристаништа. На средбата биле разменети и искуства и практики во областа на поморскиот сообраќај. Соговорниците се согласиле за потребата од унапредување на соработката во областите од заемен интерес, со цел создавање подобри услови за транспорт, трговија, инвестиции и економски развој во регионот – стои во соопштението.

Македонски


