
Вицепремиерот Александар Николоски во рамки на работната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со Филип Ивановиќ, вицепремиер на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи. На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, продлабочување на добрососедските односи и можностите за интензивирање на соработката во областите од заемен интерес, информираат од Министерството за транспорт.

Посебен акцент бил ставен на европската интеграција на земјите, регионалната соработка и значењето на заедничката посветеност на европската перспектива на регионот.
На средбата било заклучено дека на регионот му се потребни партнерства, регионална повраност и економска соработка.

-Македонија е подготвена да биде активен партнер во создавањето таков регион, истакнал на средбата вицепремиерот Николоски.
Соговорниците ја потврдиле важноста на отворениот дијалог и континуираната комуникација, како основа за зајакнување на партнерството меѓу двете земји како и унапредување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Македонски


