
Пред нас е продолжен викенд, а потоа во втората половина на октомври следува уште еден. Поради Денот на народното востание во Македонија – 11 Октомври, кој годинава се паѓа во недела и се префрла во понеделник, граѓаните ќе добијат продолжен викенд, а на 23 Октомври кога се слави Денот на македонската револуционерна борба кој се паѓа во петок повторно ќе има продолжен викенд.
До крајот на годината останува уште еден неработен ден а тоа е 8 декември – Св. Климент Охридски кој се паѓа во вторник и е неработен ден за сите граѓани.

Македонски


