Skip to main content

Во Битола на „Интерфест“ вечерва музички рецитал со францускиот пијанист Иг Леклер

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ вечер продолжува со музички рецитал што ќе го приреди францускиот пијанист Иг Леклер.

По синоќешната италијанска вечер што ја одржаа дуо „Мел Бонис“, вечер во концертната сала на битолскиот Офицерски дом, пијанистот Леклер ќе понуди дела од Дебиси и Равел.

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ завршува утревечер со концерт на Камерниот оркестар на Битола чиј гостин е виолинистот Емир Имеров од Германија. Битолските уметници под диригентската палка на Владимир Димовски ќе изведат дела од Моцарт, Пиацоли и Вивалди.

Поврзани вести