Skip to main content

Се засилува тенизијата околу Калининград

Литванија ја засилува границата со руската балтичка ексклава Калининград како мерка на претпазливост и ќе распореди војници за поддршка на граничарите – изјави денеска литванскиот министер за внатрешни работи Мартинјас Кателинас, пренесува ДПА.

Кателинас рече дека побарал поддршка од министерот за одбрана Робертас Каунас, нагласувајќи дека ситуацијата на границата во моментов е мирна и оти потегот е превентивна мерка.

Каунас го одобрил распоредувањето на армијата и изјави за литванското радио дека до 100 војници ќе ја обезбедуваат границата. Тој рече дека планот е тие да бидат распоредени во близина на Калининград неколку недели, при што и временската рамка и бројот на војниците би можеле да бидат променети во зависност од развојот на ситуацијата.

Како причина за распоредувањето, Каунас и Кателинас го наведоа инцидентот на летонската граница со Белорусија, при кој маскирани лица, наводно, се обиделе да префрлат група мигранти преку границата. Како дополнителни причини, литванскиот министер за одбрана ги посочи и општата безбедносна состојба во регионот и знаците за можна руска мобилизација.

Литванија, која е членка на Европската Унија и НАТО, граничи со руската балтичка ексклава Калининград и со сојузничката на Русија, Белорусија