
Деветнаесетгодишно момче со потекло од Тетово го загуби животот по тешка несреќа на работното место во Италија. Станува збор за Кујтим Османи, кој починал од повредите здобиени при пад од покрив на индустриски објект во местото Мота ди Ливенца, во провинцијата Тревизо.
Според информациите објавени во италијанските медиуми, несреќата се случила додека 19-годишникот извршувал работни задачи на покрив на објект. Од засега нецелосно утврдени причини, тој паднал од височина од околу седум метри и се здобил со исклучително тешки повреди.
По несреќата веднаш биле повикани екипите на итната медицинска помош. Младиот работник бил пренесен во болница во Тревизо, каде лекарите се бореле за неговиот живот. И покрај укажаната медицинска помош, по два дена неговата состојба завршила трагично и тој им подлегнал на повредите. Италијанските медиуми го идентификуваат загинатиот како Кујтим Османи, 19-годишен работник со македонско потекло.
Надлежните служби во Италија ги утврдуваат точните околности под кои дошло до несреќата.

Македонски


