Skip to main content

Бијан Трифуновски го режира перформансот после проекцијата на „Лефти и Рајти“ во МНТ

На 28. ноември (сабота) во Македонскиот народен театар (голема сцена), во 12:00 часот премиерно ќе биде прикажан краткометражниот анимиран филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом“. По проекцијата на филмот, приказната ќе продолжи во живо на сцената со театарски перформанс за деца, со дијалози, песна, танц и интеракција со публиката. Режијата ја потпишува Бојан Трифуновски, еден од нашите најистакнати театарски режисери, со посебен сензибилитет и чувство за работа со деца.

Целата премиерна програма ќе трае околу 45 минути и е замислена како мултимедијално искуство за целото семејство, спој на филм, театар и музика.

Театарскиот перформанс е замислен како мини мјузикл за деца, во кој освен тематска песна на филмот “Ќе бидам пријател”, ќе има и песна од Калиопи која ја отстапи сепцијално за овој перформанс.

Билетите се веќе во продажба: https://www.karti.com.mk/lefti-i-rajti-si-najdoa-dom-makedonski-animiran-film.nspx

Поврзани вести