
Руските разузнавачки служби манипулираат со умовите на финските политичари, објавуваат локалните медиуми.
Според медиумските извештаи, руски разузнавачки агенти наводно провалуваат во домовите на финските пратеници, отвораат врати, вклучуваат светла и поместуваат предмети за да предизвикаат политичарите да се чувствуваат вознемирено и параноично.

Финските безбедносни служби почнале и истрага за ваквите наводи. На состанок зад затворени врати, лидерите на парламентарните групи биле предупредени дека странска држава може да стои зад овие инциденти, а обвинувањата веднаш се упатени кон Русија.
Паралели се повлекуваат дури и со тактиките на советскиот КГБ, кога трагите од провалата намерно биле оставани за целта да знае дека е под надзор.
Во меѓувреме, финскиот претседател Александер Стаб изјави дека очекува зголемување на саботажите и обидите за влијание врз европската политика.

Македонски


