Skip to main content

Македонската уметност и култура повторно одекнаа во срцето на Париз

Фејсбук профил на македонската амбасада во Франција

Бевме сведоци на прекрасен концерт на QUATUOR LUMOS, одржан во градината на Амбасадата во Париз, во прекрасна атмосфера исполнета со музика, пријателство и култура, соопштија од македонската амбасада во Франција на социјалните медиуми.

Македонскиот амбасадор проф. д-р Игор Николов со музичарите на QUATUOR LUMOS / Фото: Фејсбук профил на македонската амсабада во Франција

Четворицата извонредни музичари – Љубица Делева Поповска, Ѓорѓина Ивановска, Александар Лаовски и Љупка Каевиќ – приредија вистинско музичко патување кое ги поврза големите европски класици со богатството на македонската музичка традиција.

фото: Фејсбук профил на македонската амбасада во Франција

Звуците на „Брала мома“ и „Ја излези“, како и современите музички интерпретации на македонското фолклорно наследство, донесоа дел од македонската уметност во Париз и уште еднаш покажаа дека музиката е еден од најубавите јазици на пријателството меѓу народите.

фото: Фејсбук профил на македонската амбасада во Франција

Концертот беше дел од проектот „Амбасада – пријател на културите“ и активностите на Клубот на пријатели на Амбасадата, преку кои продолжуваме да ги отвораме вратите на Амбасадата за уметниците и талентите од нашата земја и да создаваме нови мостови меѓу македонската и француската култура.

фото: Фејсбук профил на македонската амбасада во Франција

Голема благодарност до QUATUOR LUMOS за прекрасната вечер, до сите наши гости и пријатели кои беа со нас, како и до Министерството за култура и туризам за поддршката.

фото: Фејсбук профил на македонската амбасада во Франција

Уште една вечер во која Париз ја слушаше нашата култура и уметност

Поврзани вести