Skip to main content

Европските акции во плус, нафтата „брент“ 101 долар

Freepik

Европските акции денеска главно се во пораст, нафтата „брент“ се продава за 101 долари за барел, додека инвеститорите се загрижени поради политичките ризици во Шпанија и Франција, кои придонесоа за пад на вредноста на еврото во однос на доларот, пренесува „Си-Ен-Би-Си“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез би можел уште денеска да распише предвремени парламентарни избори, додека Франција се соочува со висок јавен долг и политичка неизвесност во пресрет на претседателските избори напролет 2027 година.

Според податоците во 9:30 часот, цената на нафтата „брент“ падна за 0,74 отсто, на 101,542 долари за барел, додека цената на американската лесна нафта се намали за 1,29 отсто, на 89,918 долари за барел.

Европските фјучерси за гас за ноември денеска на отворањето на берзата во Амстердам се тргуваа по цена од 76,345 евра за мегават-час, или околу 798 евра за илјада метри кубни гас.

Германскиот берзански индекс „DAX“ порасна за 0,11 отсто, британскиот „FTSE 100“ за 0,57 отсто, италијанскиот „FTSE MIB“ за 0,97 отсто, московскиот „IMOEX“ за 0,87 отсто, додека францускиот „CAC 40“ падна за 0,44 отсто.

Вредноста на еврото во однос на доларот на девизниот пазар денеска изнесува 1,11922 долари.

Цената на златото се искачи на 4.155,88 долари за унца, а цената на пченицата на 6,9036 долари за бушел (еден бушел изнесува 27,216 килограми).

Индексот „Доу Џонс“ во петокот затвори со пораст од 0,49 отсто, на 51.176,96 поени, „S&P 500“ со пораст од 0,73 отсто, на 7.722,72 поени, а „Nasdaq“ со пораст од 1,19 отсто, на 27.190,86 поени. (МИА)

Поврзани вести