Skip to main content

Стопанската комора бара да се намали бројот на неработни денови

Стопанската комора денеска ќе одржи прес-конференција на тема „Празниците во Македонија и нивното влијание врз економијата“.

На прес-конференцијата ќе биде презентиран актуелниот систем на празници и неработни денови во земјава, како и предлог за измени на Законот за празниците.

Од Комората најавуваат дека предложените промени имаат цел да се оптимизира бројот на неработни денови, но и да се придонесе кон поголема продуктивност и економска ефикасност.

Темата се очекува да отвори поширока дискусија за влијанието на распоредот на празниците врз компаниите, работниците и вкупната економска активност.

Поврзани вести