Skip to main content

Рекордни четири илјади посетители во Археолошкиот музеј за „Бела ноќ“

Околу 4.000 посетители синоќа ја избраа „Бела ноќ“ во Националниот археолошки музеј – Скопје, со што музејот забележа рекордна посетеност и уште еднаш потврди дека интересот за културното наследство кај македонската публика е во пораст.

Уште пред официјалното отворање на вратите во 19 часот, пред музејот имаше голем број посетители, а во текот на целата вечер просторот беше исполнет со граѓани кои дојдоа да ги разгледаат археолошките поставки, да ги откриваат артефактите и да го доживеат музејот во поинаква, ноќна атмосфера.

Пресреќни сме што околу 4.000 наши сограѓани синоќа го избраа Националниот археолошки музеј. Особено радува фактот што имавме посетители од сите генерации – од најмалите деца и семејства, до највозрасните, како и бројни познати личности. Ова за нас е најубавата потврда дека музејот станува место кое граѓаните сакаат да го посетуваат, да го откриваат и во кое сакаат да поминуваат време, изјави директорката на Националниот археолошки музеј – Скопје, Магдалена Манаскова.

Од Националниот археолошки музеј упатуваат искрена благодарност до сите посетители кои беа дел од синоќешната музејска приказна.

Поврзани вести