
Германскиот канцелар Фридрих Мерц пристигна во Киев, придружуван од раководители на германски компании од одбранбената индустрија.
Посетата е израз на поддршка за украинскиот претседател Володимир Зеленски во услови на интензивирање на руските напади врз украинските градови.
Денес пристигнав во Киев затоа што на Украина ѝ е потребна целата наша поддршка во наредните недели“, рече Мерц.
Тој истакна дека ќе го увери Зеленски за континуираната поддршка од Германија.„Денес ќе му кажам на претседателот Зеленски дека тој и украинскиот народ можат да продолжат да сметаат на нашата помош“, посочи Мерц.
Тој ќе објави пакет мерки за поддршка на Украина, што вклучува распределба на една милијарда евра воена помош и уште 350 милиони евра за обновување на енергетскиот сектор, изјавија германски владини претставници.
Се очекува, и договор за заедничко производство на разни видови дронови да биде финализиран за време на посетата.
Германскиот канцелар е придружуван од министерката за економија Катерина Рајхе и бизнис делегација, вклучувајќи раководители од „Сименс Енерџи“, „Хенсолдт“, „Дил Дифенс“, „Квантум Системс“ и други компании.
Се очекува, Мерц да изврши притисок врз украинската Влада за напредок во реформите што ги бараат партнерите на Киев од ЕУ, вклучително и во борбата против корупцијата.
По телефонскиот разговор со Мерц на 30 септември, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Киев и Берлин наскоро ќе го финализираат договорот за производство на беспилотни летала и ракети.

Македонски


