
Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од 0-1 против Шкотска по првото полувреме од натпреварот во Скопје, трет за двете селекции во новото издание на Лигата на нации.
Шкотска поведе уште во шестата минута преку Киран Боуви, кој се одлучи на удар од околу 25 метри и успеа да го совлада Столе Димитриевски.
Гостите уште на стартот имаа неколку добри можности. Во третата минута Енди Робертсон упати силен удар од далечина, но Димитриевски одлично интервенираше. Робертсон повторно се закани во деветтата минута, но неговиот удар заврши крај голот.
Македонија првиот посериозен обид го имаше во 22. минута, кога Бојан Илиевски побегна по десната страна, но шутираше покрај голот.
Шкотите повторно беа близу до гол во 28. минута, но Ганон-Доук шутираше над голот.
До паузата Македонија не успеа да создаде посериозна закана пред голот на гостите, па на одмор се замина со минимална предност за Шкотска.

Македонски


