
Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди пред почетокот на дуелот на колегата на капитен на Шкотска Енди Робертсон му подари македонски дрес со бројот 100 за неговиот 100-ти настап вечерва во шкотскиот дрес.
Робертсон најдобриот дел од својата кариера го мина како фудбалер на Ливерпул, а сега го носи дресот на Тотенхем.
На свој начин и шкотските навивачи познатите „Тартан Арми“ му одадоа признание на својот капитен.

Македонски


