Skip to main content

Седлоски со неколку промени во составот за дуелот со Шкотска

Македонската репрезентација на вечерашниот дуел против Шкотска од Б1 групата од Лигата на Нациите ќе настапи во следниот состав: Димитриевски, Илиевски, Херера, Муслиу, Мелиќи, Младеновски, Барди, Станковски, Гаштаров, Миовски.

Селекторот Гоце Седлоски се реши да стартува со неколку промени во однос на последниот дуел со Словенија, но ритамот на натпревари сабота – вторник, го прави своето и селекторите мора да менуваат често во составите.

Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот.

Поврзани вести