Skip to main content

„Њујорк Тајмс“: Преговорите меѓу САД и Русија за Украина се проширија и вклучуваат договор за нафта вреден повеќе милијарди долари

Freepik
Фрипик

Преговорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со Русија за прекин на војната во Украина се проширија и вклучуваат договор за нафта вреден повеќе милијарди долари од кој директно би имале корист деловните партнери на семејството Трамп и бизнисмените од Блискиот Исток поврзани со главните американски преговарачи – Стив Виткоф и Џаред Кушнер, открива „Њујорк Тајмс“.

Во фокусот на договорот, како што е наведено, е преземањето на странските имоти на Лукоил, една од најголемите руски енергетски компании, која вклучува нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи низ целиот свет, а договорот директно зависи од одобрението на Кремљ и Белата куќа.

Странските имоти на рускиот енергетски гигант Лукоил се продаваат по многу ниски цени, бидејќи американските санкции ги направија речиси безвредни за инвеститорите во Русија.

МИА

Поврзани вести