Skip to main content

Доделени главните награди на осмото издание на ЅИРНИ фестивал на филм и музика

Победниците за осмото издание во четири категории, интернационална и национална официјална селекција и интернационална и национална студентска селекција, како и специјалните признанија и најдрагата награда која беше изгласана од публиката вчера беа соопштени на осмото издание на Ѕирни.

Жири на студентската селекција: Тамара Ристоска, актерка; Атанас Велковски, снимател и ко-селектор на кратката програма на ИФФК Браќа Манаки; Игор Христов, режисер.

-Специјално признание се доделува на „Се уште трчаме“ (Still Running) во режија на Матија Штифаниќ. За храбриот документарен поглед кон една генерација во движење. За младите луѓе кои километар по километар го претворија својот пат во порака, а сопствената издржливост во сведоштво. Филм кој нè потсетува дека понекогаш, кога институциите не слушаат, истрајноста сама станува глас.Со документарна искрена наративност,овој филм се занимава со маргинални карактери кој се заборавени од општеството. Со голем труд и желба ова здружение гледа потенцијал во овие млади деца, давајки им креативен простор каде можат тие да ги изразат својте емоции преку нај различни форми науметноста. Борејки се со сите предизвици на модерното општество, овие херои достојно докажуват дека уметноста ќе најде начин.

За најдобар филм во национална студентска селекција жирито реши да ја даде наградата на филмот „Борби со Ветерници“.

-Главна награда за најдобар интернационален студентски филм ја добива филмот Мајка на еден син (Mother of A Son) во режија на Кевин Кох (Kevin Koch). Режисерот вешто владее со кратката играна форма, има силен и зрел филмски израз кој навлегува во една тешка и чувствителна тема и успешно го доловува чувството на вина и грижа на совест. Филмот има извонредна фотографија, снимен на 16мм лента, исполнет со една траорна атмосфера која дава дополнителна тежина на филмот.

Жири на официјалната селекција: Сара Климоска, актерка; Дарко Набаков, актер, историчар на уметност и извршен директор на фестивалот за креативен документарен филм Македокс; Василис Терзопулос, главен програмер на интернационалната селекција на филмскиот фестивал на краток филм ДРАМА.

-За искреното и тивко набљудување на секојдневниот живот и за способноста да се доловат досадата и малите човечки моменти среде вревата на Париз. За пронаоѓањето нешто интимно и длабоко човечко во едноставниот чин на забавување и набљудување. Наградата за најдобар филм во меѓународната конкуренција му припаѓа на филмот „No Skate!“ од Гил Села. Посебно нè привлече чувствителниот начин на кој филмот ја истражува тагата низ детската перспектива. Неговиот поетски визуелен јазик, носталгичните пејзажи и атмосферата налик на сон создаваат посебен свет во кој загубата се изразува преку слики, тишина и набљудување, наместо преку зборови. Неговиот суптилен ивнимателно изработен пристап ни остана во сеќавање долго по проекцијата.

Нашето специјално признание во меѓународната конкуренција му припаѓа на филмот „NESTLING“ во режија на Георги Мартев.

-За генијалниот, а сепак крајно реалистичен приказ на меѓугенерациските односи, кои длабоко во себе кријат автентичен балкански идентитет – темпераментен, експлозивен, а истовремено произлезен од чувство на вистинска љубов, и за хумористичната употреба и деконструкција на стереотипите, што му овозможува на секој гледач да пронајде дел од себе во приказната, наградата за најдобар филм во националната конкуренција му се доделува на филмот „Клупа“ во режија на Трифун Ситниковски.

И за крај, за најдобар филм според публиката беше изгласан студентскиот „Езерото“ во режија на Софија Христовска.

Поврзани вести