Skip to main content

Рекорден број патници на грчките аеродроми во периодот јануари – август 2026 година

Патничкиот сообраќај на сите 39 аеродроми во Грција во првите осум месеци од годинава се зголемил за 4,9 отсто со опслужени речиси 60,5 милиони патници, наспроти 57,6 милиони во истиот период лани, покажуваат податоците од Управата за цивилно воздухопловство на Грција (ИПА), јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, во периодот јануари-август 2026 година, пораст (за 4,6 проценти) има и во бројот на летови (пристигнувања и заминувања на домашни и меѓународни авиони), со реализирани 452.983 летови, наспроти 433.013 летови во истиот период во 2025 година.

Од Управата за цивилно воздухопловство соопштија дека во однос на регионалните аеродроми, вкупно 24 што се во нивна надлежност бил регистриран „рекорд на сите времиња“ во патничкиот сообраќај, зголемен за 5,3 отсто споредбено со минатата година.

Поконкретно на аеродромите во градовите Каламата, Александруполи, Јанина, Козани, Неа Анхиалос, Касторија, Патра, како и на островите Лимнос, Астипалеа, Хиос, Карпатос, Китира, Милос, Скирос, Парос, Сирос, Араксос, Наксос, Калимнос, Икарија, Кастелоризо, Касос, Лерос и Ираклио и Ситија на Крит, вкупниот број патници (пристигнувања и заминувања на домашни и меѓународни летови) во периодот јануари – август 2026 година достигнал 9,4 милиони патници.(МИА)

Поврзани вести