Skip to main content

Kинеска компанија произведе уред за заштита од комарци со помош на ласер

Кинеската новоформирана компанија „Photon matrix lab“, со седиште во Чангџоу, со користење ласер ќе се справува со комарците, Планирано е почетно месечно производство од 3.000 до 5.000 уреди. Производот привлече големо внимание за време на кампањата за групно финансирање на странски пазар.

Првата серија на уредот треба да биде испорачана овој месец“, изјави директорот за продажба, Лоренс Ленг.

Уредот се нуди во две верзии, со инфрацрвен и со син ласер по цена од 1.088 долари.

Испораката треба да биде реализирана во рок од 120 дена по приемот на нарачката“, се наведува на официјалната веб-страницата на компанијата.

Уредот со инфрацрвен ласер испушта невидлив ласерски зрак и е наменет за користење во затворени простории, додека пак, уредот со син ласер има видлив зрак и е наменет пред сè, за градини и други отворени простори.

Откако почна кампањата за групно финансирање добивме над 5.000 нарачки. Најголем дел се од Европа и Северна Америка, но и од Блискиот Исток, вели Ленг. Според мене, ваквата распределба е во согласност со главната намена на производот. На пазарите каде што употребата на пестициди е ограничена или каде што потрошувачите се помалку наклонети кон употребата на хемиски средства, ваквите решенија за уништување на комарците се подобар избор“, советува тој.

Уредот наликува на пренослива батерија, со високопрецизен лидар за скенирање на околината, при што открива мали и бавно летачки инсекти, по што дејствува веднаш. Системот може да детектира и други животни, вклучувајќи ги и луѓето, по што веднаш се исклучува.

Очекуваме сè поголема продажба. Од идната година планираме да го зголемиме производствениот капацитет за три до пет пати, откри Ленг. Преку американската платформа за групно финансирање „Indiegogo“, имавме за цел да обезбедиме 20.000 долари, но, откако уредот стана популарен на социјалните мрежи, обезбедивме над 2,8 милиони долари“, вели тој.

Но и покрај успехот, се отворија прашања за безбедноста на уредот.

Масовното производство на уредот ќе почне во јули“, се наведува на „доyин“ профилот на компанијата.

Употребата на ласери за уништување комарци со години е предмет на лабораториски истражувања.

Според основачот на „Photon matrix lab“, Ванг Чуан, развојот на уредот и неговото воведување во комерцијалното производство траеле значително подолго од првичните очекувања.

Првично очекувавме дека ќе го направиме производот за три месеци, но всушност ни беа потребни три години“, изјави Ванг во една пригода. 

Поврзани вести