
Инспириран од вилата во Монтесито, сопругата на британскиот принц Хари, Меган, претстави луксузен празничен календар по цена од 112 фунти“, објави британскиот дневен весник „Стандард“.
Новиот производ на брендот „As ever“ содржи илустрација од нејзиниот дом во Калифорнија, кој започнува со продажба по еден месец од нивното враќање во Обединетото Кралство. На внатрешната страна од кутијата се испишани зборовите „Волшебна прослава на празничната сезона“, а во описот се наведува дека 24 рачно изработени чоколади се наменети да го „засладат секој ден“ и дека се „внимателно осмислени по примерот на нашата градина во Монтесито“.
Производот е создаден во соработка со производителот на чоколади „Compartes“ од Лос Анџелес и од денеска е достапен за преднарачка преку веб-страницата на брендот „As Ever“ кој работи за САД. Во понудата, покрај овој празничен производ, се наоѓаат и јадливи украси од цвеќе, џем и вино. Покрај ова, вклучени се и препознатливи намази од „As Ever“ од јагода, малина, капина и портокал, специјално чоколадо украсено со цвеќе, како и пралини исполнети со богат крем од црно чоколадо.
Календарот чини 148 долари.

Македонски


