
Жално е да се гледа она што му се случува на претседателот на СДСМ, како што сакаат да го пишуваат во соопштенијата од партијата „д-р Венко Филипче“. Ем лидер на (некогаш) голема партија, ем неврохирург, ем универзитетски професор, неделава не знае веќе што со себе. Нема да се спуштаме на ниво на речник на кое е тој во последно, само ќе наброиме што сè кажа личноста на неделава:
Венко Филипче
И да нема предвремени парламентарни избори, оние навремените не се нешто далеку. А, анкетите колку и да ги прикажуваш во своја полза пред јавноста, лесно се гледа вистината. Нема како да ја свртиш. А, таа вели дека СДСМ се наоѓа во најлоша состојба што некогаш била. Прво голем дел од членството замина во ЗНАМ, а сега најголемиот дел од оние останатите јавно кажува дека рибата смрди од главата и дека ако таа има барем малку достоинство – ќе си замине.
Ама, Филипче, не само што не планира да замине, туку планира колку што е пославно да потоне.
Прво, во „Само интервју“, сакаше да каже колку ни било лошо образованието:
Децата се неписмени на ПИСА тестовите. Не се споредуваат нашите деца со децата од регионот. Пред месец дена имав испит, катастрофално е знаењето на факултетите. Катастрофално е. Тие луѓе утре треба да нè лечат.“
И секако дека на место си беа реакциите за овие „такси муабети“ и од партиите и од јавноста, дека си ги навреди своите студенти, оние на кои тој очигледно не знае да им го пренесе знаењето и занаетот, па утре да не нè умираат дури лечат. Ама па, да не заборавиме и дека децата со„ лошите резутати од ПИСА“ (деветтоодделенците на кои им е правена анкетата) се генерација од нивно време. Нека си го праша најверниот другар за тоа.
Ако на тоа интервју само се чаталеше, на прес-конференцијата во Брвеница почна и со закани:
Прво, го нарече Мицкоски „комплетен идиот“ за неговата изјава дека Исланд на референдум рече „не“ за ЕУ, а (со поента дека не треба слепо да прифаќаме секакви отстапки, бидејќи и самата ЕУ се менува внатрешно).
Па сега некои будалаштини збори дека Исланд не сакал во Европската Унија. Па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот, комплетен? Да нè изолира целосно? Па дали мисли дека сме наивни?, се изѕра Филипче.
На страна речникот и нивото на политичка култура, ова може да се смета и за директно потценување на јавноста, која верувал или не, знае да процени и да следи „што авторот сакал да каже“. Ама, ако децата и студентите ги смета за неписмени и катастрофални, веројатно за такви нè смета и нас останатите. Шуто и рогато, што би рекол најверниот му другар.
На истата прес-конференција им се закани и на сопартијците.
Тие што ќе ја погребаа партијата нека не држат лекции, нека помогнат или нека ми се тргнат од патот затоа што ќе ги згазам како шлепер жаба.“
На толку славни реченици од другар му, тој зеде да повторува од Бранко Црвенковски.
Покрај заканата со „шлеперот“, Филипче претходно неделава искористи уште една „сликовита метафора“ за да ги омаловажи Шема и Славјанка:
Како тоа сега сакаат да ја преземат партијата, и тоа од кафеана, од ресторан или од хотел? Тие што беа дел од поразот на СДСМ сакаат пуч од кафана.“
Цепки. Баклавата се изеде, тепсијта сто.
И за крај, вчеравечер на „Сител” прашан за актуелните историски прашања и најавите за враќање или дискусии околу моштите на Цар Самоил, тој го искористи провереното „Владата ги дефокусира граѓаните“ (пошто нели глупи сме, ви текнува).
Јас малку повеќе би се грижел за државата и за стандардот. И додека ние разговараме за моштите на Цар Самуил од пред илјада и кусур години, тука граѓанинот тоне во сиромаштија.“
Лесно му е да каже така, зошто знае што потпишал другар му. Знае дека „Цар Самоил је пуно шетао“ и дека е (про)даден одамна.
Тоа е тоа. Што ти прави долго дружење со вакви. Од лидер на (некогаш) голема партија, од неврохирург, од универзитетски професор до… леле.

Македонски


