
Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за „Сител телевизија“ порача дека грижата за животниот стандард и егзистенцијата на граѓаните треба да биде приоритет, а не историски теми, се вели во партиското соопштение.
Јас малку повеќе би се грижел за државата и за стандардот. И додека ние разговараме за моштите на Цар Самуил од пред илјада и кусур години, тука граѓанинот тоне во сиромаштија, истакна Филипче.
Тој посочи дека граѓаните тешко врзуваат крај со крај, а платите не им се доволни да ги прехранат семејствата. Филипче нагласи дека, според неговата оценка, храната е поскапа од Германија, додека куповната моќ на граѓаните е исклучително ниска.
Отиде Европа напред. Луѓето зборуваат за стандард, за технологија, за напредок, порача Филипче, нагласувајќи дека одговорна влада треба да работи на добрососедските односи и на подобрување на условите за живот.

Македонски


