Skip to main content

Индискиот пилот, повреден во инцидентот на летот на „Флајдубаи“, е во добра состојба

Video Screenshot

Индискиот пилот повреден во инцидентот на летот на авиокомпанијата „Флајдубаи“ е во добра состојба и успешно се опоравува, соопшти Амбасадата на Индија во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Според информациите на индиските медиуми, пилотот претходно бил префрлен од Саудиска Арабија во болница во ОАЕ. Индискиот амбасадор во ОАЕ, Дипак Митал, лично го посетил пилотот, а дипломатската мисија потврди дека одржува постојан контакт со локалните власти за да обезбеди континуирана медицинска нега за неговото целосно заздравување.

Со големо олеснување се сретнав со капетанот на летот, Смит Мачхар. Неговото здравје е стабилно и се опоравува добро. И изразувам искрена благодарност на Владата на Обединетите Арапски Емирати за целата поддршка и врвната медицинска грижа што му ја обезбеди“, објави амбасадорот Митал на социјалната мрежа Икс. 

Поврзани вести