Skip to main content

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство“, порачува премиерот Христијан Мицкоски, објавувајќи фотографија со американскиот претседател Доналд Трамп, од неодамнешната посета на САД.

Фотографијата на Мицкоски и неговата сопруга Рози со Доналд Трамп е од традиционалниот прием на шефови на држави и влади што го организираше американскиот претседател во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите нации.

Настанот се одржа во хотелот Лот Палас во Њујорк и беше затворен за медиумите.

Поврзани вести