
Кинотеката, во соработка со амбасадата на Народна Република Кина во Скопје, организира „Денови на кинески филм“, во рамките на кои од 2 до 4 октомври публиката ќе има можност да проследи четири современи кинески филмски остварувања од различни жанрови – игран, документарен и анимиран филм.
Програмата започнува на 2 октомври (петок) во 20:00 часот, со играниот филм „Сонцето изгрева за сите нас“ (The Sun Rises on Us All) од 2025 година, во времетраење од 131 минута.
На 3 октомври (сабота) во 20:00 часот следува документарниот филм „Кога ноќта се среќава со светлината“ (When the Night Meets Light), кинеско остварување од 2025 година, во времетраење од 104 минути.
Во недела, 4 октомври, програмата продолжува со две проекции. Од 18:00 часот ќе биде прикажан анимираниот филм „Падот во светот на смртниците“ (Fall Into the Mortal World) од 2024 година, во времетраење од 108 минути. Програмата завршува во 20:30 часот со играниот филм „Како камен што се тркала“ (Like a Rolling Stone), исто така од 2024 година, во времетраење од 106 минути.
„Денови на кинески филм“ претставуваат можност македонската публика да се запознае со дел од современата кинематографија на Народна Република Кина и со филмски остварувања кои доаѓаат од различни жанровски и авторски перспективи.
Кинотеката ги поканува љубителите на филмот да бидат дел од оваа тридневна филмска програма.
Билетите се бесплатни.

Македонски


