Skip to main content

Ѓорѓиевски најави намалување на новите вработувања во Град Скопје

На денешната седница на Советот на Град Скопје е донесена одлука за драстично намалување на новите вработувања и реална оптимизација на администрацијата во сите јавни претпријатија и установи.

Како што истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со оваа мерка се става крај на децениските практики на неконтролирано натрупување на администрацијата и оптоварување на градскиот буџет, при што вкупниот број на вработени се намалува по законски основи.

Според новата одлука, најголемиот дел од предвидените нови вработувања се наменети за теренски кадар – возачи во ЈСП, како и работници и возачи во ЈП „Комунална хигиена“, додека административните позиции се сведуваат на минимум.

Секој денар од граѓаните мора да има јасна цел, а секое вработување вистинска потреба и конкретна работа. Скопјани заслужуваат јавен сектор кој ќе ја оправда нивната доверба со чисти улици, уредени паркови, редовен превоз и навремени услуги, порача Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека ресурсите се насочуваат таму каде што се најпотребни за функционалноста на градот.

Поврзани вести