Skip to main content

Мастерклас за јапонска кујна во штипското средното училиште „Коле Нехтенин“

Амбасада на Јапонија во Македонија

На 29 септември, Амбасадата на Јапонија организираше мастерклас за јапонска кујна во средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип, наменет за младите идни готвачи.
Идните готвачи и нивните наставници имаа можност да се запознаат со „вашоку“ – традиционалната култура на исхрана во Јапонија, која се темели на хармоничната рамнотежа на сезонските состојки, хранливоста и визуелната убавина. Вашоку е впишано на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

фото: Амбасада на Јапонија во Македонија


Мастеркласот вклучуваше презентација на јапонски ножеви и кујнски алатки, демонстрација на неколку рецепти од страна на готвачката Нишикава, а учесниците имаа можност и самите да подготват и да вкусат едно од омилените секојдневни јапонски јадења за енергија – онигири (топчиња од ориз).

фото: Амбасада на Јапонија во Македонија


Готвачката Нишикава е првиот јапонски готвач кој им ја претстави јапонската кујна на учениците и наставниците во ова училиште.

Поврзани вести