Skip to main content

Серафимовски: Исплатени над 6,5 милијарди денари субвенции, следуваат засилени контроли за спречување злоупотреби

Freepik

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска изјави дека годинава се реализирани околу 90 проценти од средствата предвидени за финансиска поддршка во земјоделството, при што досега се исплатени околу 6,5 милијарди денари субвенции.

Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Серафимовски истакна дека од преземањето на функцијата на 13 јули годинава се реализирани седум одделни исплати во вкупен износ од над 1,2 милијарди денари.

Земјоделците од државата очекуваат навремена исплата, а не нови оправдувања. Затоа, откако ја презедов функцијата на 13 јули оваа година, реализиравме седум одделни исплати во вкупен износ од 1 милијарда 227 милиони денари – рече Серафимовски.

Тој информираше дека се исплатени 85,7 милиони денари на 1.159 одгледувачи на кози, околу 372 милиони денари на 4.284 одгледувачи на говеда, како и околу 13 милиони денари за производители на тутун кои претходно биле ставени под контрола поради здравствени барања.

На 23.874 полјоделци им се исплатени приближно 462 милиони денари, а на 10.754 производители на градинарски култури околу 217 милиони денари. Органското производство го поддржавме со две исплати во вредност од околу 77 милиони денари – нагласи министерот.

Според него, од вкупно 7,295 милијарди денари предвидени со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, досега се исплатени околу 6,512 милијарди денари.

Тоа претставува фактичка готовинска реализација од околу 90 проценти. Зад овој процент стојат конкретни приходи на земјоделците, затворање на старите обврски и обезбедување средства за преостанатите мерки – истакна Серафимовски.

Министерот посочи дека Владата работи и на расчистување на заостанатите обврски од претходните години.

Кога оваа Влада ја презеде одговорноста во 2024 година, во системот имаше неисплатени обврски уште од 2020 година. Старите долгови не ги користиме како оправдување, туку ги затвораме паралелно со тековните обврски – рече тој.

Серафимовски најави и засилени контроли на доделените субвенции, нагласувајќи дека досегашните проверки откриле нереални приноси, неправилности кај дел од земјоделските стопанства и злоупотреби во сточарството.

Нема да дозволиме парите на вистинските земјоделци да завршуваат кај ловците на субвенции. Секој денар од буџетот ќе следи за реално производство, а секоја утврдена злоупотреба ќе повлекува одговорност – нагласи министерот.

Тој додаде дека теренските контроли, вкрстувањето на податоците и користењето сателитски снимки ќе овозможат поефикасна проверка на пријавените површини и производствени капацитети.

Засилената контрола не е насочена против земјоделците, туку во нивна заштита. Секој исплатен денар за непостоечка површина, нереален принос или грло што фактички не постои значи помалку средства за оние што навистина произведуваат – рече министерот Серафимовски. 

Поврзани вести

edirne prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetkingroyaljojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmeritkingmeritkingholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegel