Ракометарите на Унгарија ја добија пресметката со Австрија со 29-26 во последниот меч од претпоследното коло во групната фаза на Светското ракометно првенство во Вараждин. Унгарците некаде во последните десет минути од второто полувреме го скршија отпорот на противникот и поведоа со 25-21 на пет минути до крајот.
Австрија добро играше посебно во првото полувреме кое го заврши и со предност од 13:12, а потоа и поведоа со 14:12 на почетокот на второто полувреме. Потоа следуваше низа од 3:0 за унгарија за 15:14. Од тој момент па до крајот, Унгарија не им дозволи на противниците да се понадеваат на успех.
По оваа средба Македонија останува на третото место со четири бода исто колку и четвртопласираната Холандија.
Во последното коло во нашата група 2, Холандија игра против Австрија, Унгарија против Катар, додека Македонија против Франција. Со оглед на тоа дека нашата средба е последна од 20:30 часот многу работи ќе бидат познати